Одзивот на гласање до 11 часот изнесува 11 отсто

До 11:00 часот на гласање излегле 199.495 граѓани, соопшти на прес-конференција претседателот на ДИК Оливер Дерковски.
Во ИЕ – 1 одзивот бил 13,7 отсто, во Втората изборна единица 9,64 отсто, во ИЕ 3 одзивот до 11:00 часот бил 13,08 отсто, во изборната единица четири одзивот на гласачите бил 13,46 отсто, во Петата изборна единица одзивот бил 10,55, и во Шестата изборна единица 6,04 отсто.
Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат 1.814.613 гласачи во шест изборни единици.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.