Одиме секој викенд низ градовите и секоја среда пред Владата, најави Мицкоски

Со извици „Оставка“ и „Избори“ пред Владата на Република Македонија започна протестот на ВМРО-ДПМНЕ.
На неколкуте илјади граѓани, кои се одзвале на повикот на ВМРО-ДПМНЕ им се заблагодари лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
Мицкоски ги нарече насобраните најхрабри, а нагласи дека протестот се одржува без организација со автобуси.
-Ви благодарам што се одзвавте на повикот на ВМРО-ДПМНЕ, вам, на најхрабрите, сите вие кои ги трпите притисоците на оваа криминална влада. Знам дека сте со нас и дека го поддржувате секој наш чекор, секоја наша политика за да го спасиме она што остана од оваа земја. Одиме секој викенд низ градовите и секоја среда пред Владата. Нашиот ревот е демократски, со мирни протести ќе им покажеме како се сака татковината. Излеговме и за националното понижување, но и за економските планови, зашто Македонија е се посиромашна. Ќе се обединиме сите заедно за да ја урнеме оваа империјална власт, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека пред две години Заев ветуваше дека ќе ја тргне оградата од Владата, но таа се уште е тука.
-Се плашите ли од народот?, праша Мицкоски.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.