Оди ли државата кон полициски час? Дали ќе го живееме Орвел и неговата 1984?

Оди ли државата кон полициски час? Ја слушавме конференцијата на Филипче и како што може да се претпостави на чекор сме и од тоа, бидејќи рече дека ќе предложел поригорозни мерки за да се ограничи движењето. Дали е оправдано кој знае?! Можеби е, можеби не е. Тенка е линијата што не раздвојува од борба против ВИРУС и воведување на ТОТАЛИТАРНА ДРЖАВА. 

Наша работа е да им укажеме на властите дека сега се на „нишан“, односно ги следиме нивните чекори и за воведување на потребните мерки ќе ја добијат нашата поддршка, но за намалувањето на правата на поединецот, за сузбивањето на вистината или за пропаганда од нивна страна ќе известиме ригорозно и ќе се спротивставиме. 

Не верувавме дека ќе го видиме Орвел во живо. Секако не во 2020 година. Неговата 1984 се досега делуваше како далечна фикција, ама сега пред очи ни се материјализира.

Сега сме на праг да го живееме животот затворени и во страв. Дотолку повеќе е голема одговорноста на тие што сега владеат без демократска кочница, опозиција ионака немаме, да бидат внимателни со узурпацијата на нашите права!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.