Одличен за жени: Појадок кој „симнува“ 5 килограми, го нормализира метаболизмот, ја зајакнува косата и ја обновува кожата

Во својот состав, овој оброк содржи витамини и минерали кои го подобруваат изгледот на кожата, ја зајакнуваат косата, го нормализираат метаболизмот и го јакнат организмот.
Ваквиот појадок ќе помогне во елиминирање на токсините наталожени во организмот и ќе ги исчисти цревата.
Безусловно го решава и проблемот со мрзеливите црева и констипацијата, ги согорува масните наслаги и ја нормализира телесната тежина. По еден месец консумирање ваков појадок, ќе загубите до 5 килограми, тенот на кожата, косата и ноктите ќе станат здрави и убави, а стомакот полека ќе се „истопи“.


За подготовка на овој појадок ќе ви бидат потребни:
– 300 мл. кефир (или немасен јогурт)
– 2 супени лажици овесни снегулки
– 1 кафена лажичка мелено ленено семе
– 1 кафена лажичка какао во прав
– 5-7 суви сливи
Појадокот се припрема од вечер – прелијте ги сувите сливи со малку зовриена вода (100 мл.), поклопете ги и оставете ги 5-10 минути да омекнат. За тоа време, во една чинија ставете ги овесните снегулки, меленото ленено семе и какаото во прав. Прелијте ги со кефирот и добро промешајте.
Омекнатите сливи ситно исецкајте ги и додајте ги во претходната смеса. Добро промешајте и оставете да отстои преку ноќ во фрижидер.
Следното утро уживајте во здравиот и вкусен појадок, а резултатите набрзо ќе бидат видливи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.