ОДЛИЧНА ВЕСТ: Се намалуваат судските такси за 7 пати, правдата ќе стане подостапна
На денешната седница Владата предложи намалување на судската такса за физичките лица за седум пати.
- На денешната седница Владата одлучи да ја предложи измената на Законот за судските такси со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за седум пати (Од 48.000 денари на 6.000 денари). Работиме во интерес на граѓаните за да ја направиме правдата подостапна – напиша Маричиќ, новиот министер за Правда на својот Фејсбук профил.