Одлична идеја за здрава вечера

Тортилјите воглавно не се првата намирница која ќе нѝ падне на памет кога е во прашање вечерата, но ако ги прдлага Џејми Оливер, секако сакаме да ги пробаме.
Познатиот британски шеф, Џејми Оливер, веќе со години во главен фокус го става подигањето на свеста за здравата храна, како и демистификација на мислењето дека таа е скапа или комплицирана.
Со своите рецепти продолжува да нуди едноставни опции за секој ден, а ние одлучивме да ви претставиме една од нив. Станува збор за тортилји со јогурт, овошје и семиња, кои изгледаат многу привлечно.


Состојки :
– 1 мандарина (или портокал);
– 1 тортилја (по можност интегрална);
– 1 лажица какао во прав;
– 2 лажици јогурт;
– 1 зрела банана;
– 1 шака бобинки по желба.
Подготовка :
1. Мандарината или портокалот пресечете го на половина. Во тегла исцедете сок од половина од избраното овошје и додадете го какото во прав. Сето тоа добро протресете го во затворен сад.
2. Во смесата додадете го јогуртот и повторно протресете.
3. Отворете ја тортилјата и рамномерно премачкајте ја со смесата.
4. Насредина на тортилјата додадете ја бананата и лесно изгмечете ја со вилушка, а притоа внимавајте да ја распоредите што е можно порамномерно.
5. На крајот истурете ги бобинките и семињата, а тортилјата пресечете ја на четвртини и завиткајте ја по желба.
Уживајте во овој вкусен, здрав и лесен оброк.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.