Македонскиот голман, Борко Ристовски со осум одбрани даде голем допринос во победата на Лемго над второлигашот Елбфлоренц од 32-27 со која неговиот тим се пласираше во четвртфиналето од германскиот куп.
Борко во игра влезе во финишот од првиот дел и остана до крајот на мечот. Тој имаше одлична претстава која ја заврши со осум одбрани, а Лемго токму во вториот дел успеа да го скрши отпорот на Елбфлоренц.
Натпреварот во првото полувреме беше толку изедначен што ниту една екипа не дојде до два гола разлика, во вториот дел работите си дојдоа на свое и Лемго го доби мечот со 32-27.