Одлични здравствени придобивки: постот е внатрешна операција без нож

Кога човекот пости, тој му овозможува долготрајно штедење и обновување на секој орган во телото.
Постењето е особено добро за здравјето на органите за варење, а исто така влијае и на квалитетот на крвта, што е основа за добрата здравствена состојба.
Уште кон крајот на 19 век, експертите ги проучувале ефектите од постењето врз здравјето на луѓето. Тогаш било откриено дека ова е состојба кога организмот бил принуден да функционира користејќи ги своите резерви.
Кога не јадете, телото започнува да ги троши внатрешните резерви, при што најмалку зема од нервното ткиво, срцето и другите органи – организмот го користи првенствено заболеното ткиво – тумори, цисти, израстоци и слично. Тоа е сè што не му припаѓа на телото и што треба да се исфрли од него.


Лекувањето на телото со помош на постење многумина го нарекуваат и „внатрешна операција без нож“, при што природата е многу посуптилна од кој било хирург – го зачувува она што е здраво, додека го елиминира она што е болно.
За време на постот се намалува телесната тежина, а најголемото слабеење се забележува во првите недели. Потоа интензитетот постепено се намалува, а колку помладо е телото, толку поголемо е губењето на телесната тежина.
Студиите покажаале дека пациентите кои страдаат од анемија, кои имаат недостаток на црвени крвни клетки или им е неопходно зголемување на белите крвни клетки, обично се лекуваат добро со постот.


Ефектот на подмладувањето на кожата е особено забележлив при постењето – острите линии и длабоките брчки стануваат помалку видливи, кожата станува помлада, станува поубава, добива подобар тен и сјај и целокупно се подобрува структурата на ткивата.
Додека постите, се намалуваат функциите на сите органи. Телото практично се одмара, надополнувајќи ја енергијата од резервите. Абдоменот е заспан, крвотокот е правилно распределен, а мозокот работи логично – приливот на мислите е нормален, а расудувањето јасно.
Страста се смирува, инстинктите му даваат предност на разумот, па затоа разумот ги контролира емоциите. Ова објаснува зошто за време на постењето сме многу посмирени и порационални од вообичаено.
За време на постот, губењето на масата на одредени органи и ткива изгледа вака:
масти 97%, слезина 60%, црн дроб 53,7%, мускули 30%, крв 26%, бубрези 25%, кожа 20,6%, црева 18%, бели дробови 17,7%, панкреас 17%, коски 13,9%, нервен систем 3,9% и срце 3,6%.
Дали и вие постите во овој период од годината?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.