Утрешното рочиште за случајот „Пулс“ се одлага поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на објектот, кој во моментов се наоѓа на болничко лекување во кочанската болница.
Според лекарите, Милковски не е во здравствена состојба што би му овозможила присуство на главната расправа, но дека се очекува неговата состојба да се подобри, по што ќе може да продолжи да го следи судењето.
Следното рочиште е закажано за 25 февруари, а постапката се наоѓа во доказна фаза, со изведување докази од страна на Обвинителството.



