Одложено утрешното рочиште за Пулс

Утрешното рочиште за случајот „Пулс“ е одложено поради здравствената состојба на обвинетиот Гроздан Милковски, кој е на болничко лекување во Болницата во Кочани.
Во информацијата од Основниот кривичен суд се наведува дека претседателот на Судечкиот совет, кој постапува по предметот, извршил телефонски контакти со докторите задолжени за лекување на Милковски, кои информирале дека обвинетиот не е во состојба да присуствува на рочиштето, но увериле дека неговата здравствена состојба ќе се подобри и тој ќе може да продолжи да ја следи главната расправа.
– Странките се известени дека сите веќе дадени последователни термини остануваат во сила, информираат од Основниот кривичен суд.
Следниот закажан термин е 25 февруари.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ на 16 март лани загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Меѓу нив беа и најголем дел од бендот „ДНК“.

Пронајдете не на следниве мрежи: