Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) на барање на Министерството за внатрешни работи го одложи дерби натпреварот од 19.коло, кое в недела, требаше да го одиграат Пелистер и Вардар.“Имајќи ја во предвид безбедносната состојба, а со цел да не се создадат услови за предизвикување на насилство и недостојно однесување на натпреварот меѓу ФК Пелистер и ФК Вардар и насилството да се прелее низ градот Битола, Министерстовото за внатрешни работи се обрати до ФФМ со барање натпреварот помеѓу наведените фудбалски клубови кои требаше да се одигра на 03.03.2013 година да се одложи“, стои во барањето на МВР.Согласно на ваквото барање од МВР е донесена одлука од Претседателот на комисијата за натпреварување, одлуката е испратена до двата клуба, ФК Пелистер и ФК Вардар.Натпреварот меѓу Пелистер и Вардар ќе се одигра в среда на 6.март.
Макфакс Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) на барање на Министерството за внатрешни работи го одложи дерби натпр