Одложување на претставата „Сонцето, колку е блиску Сонцето! MADE IN MNT“ во МНТ

Фото: Фејсбук МНТ
Од Македонскиот народен театар денеска изразија искрено сочувство до сите засегнати од трагичниот настан што силно ја потресе нацијата и поширокото општество. Со длабока солидарност за тешко повредените, информираа дека спектаклот „СОНЦЕТО, КОЛКУ Е БЛИСКУ СОНЦЕТО!, MADE IN MNT“, режиран од Дејан Пројковски, кој требаше да се одржи на 3 април 2025 година во знак на 80-годишнината од театарот, е одложен за есента како почит кон жртвите и нивните семејства во деновите на националната жалост.
Во чест на првата изведба пред 80 години, на 3 април 2025 година, Македонскиот народен театар организира маратон. Во 10:00 и 12:00 часот ќе бидат претставени двете изведби на детската претстава „Распеана турлитава“, по што од 18:00 часот ќе следуваат „Бели ноќи“, „Мој термин“ од 19:00 часот и „Торонто експрес“ од 21:30 часот. Влезот за публиката ќе биде слободен, а билетите ќе можат да се подигнат од билетарницата на МНТ. Билетите за детските претстави ќе се подигаат на 2 април од 12:00 до 20:00 часот, додека за вечерните изведби на 3 април од 12:00 часот.
На 4 април, директорот Никола Кимовски ќе патува во Атина, каде што ќе одржи официјално обраќање во рамките на Европската театарска конвенција (ETC) која ќе се одржи од 3 до 7 април 2025 година. ETC е значајна мрежа на театри од Европа посветена на современата драма и културната разновидност.
На 5 април во 20:00 часот на малата сцена ќе се прикаже „Поетроника“ – нов и значаен проект на Оливер Митковски и Андреја Салпе, кој ја комбинира македонската поезија со електронската музика, претставувајќи мултисензорно искуство. Билетите за оваа изведба ќе бидат бесплатни и достапни на денот на претставата.
Ви благодариме за разбирањето и поддршката во овие тешки времиња и упатуваме длабоко сочувство до сите кои тагуваат.
The post Одложување на претставата „Сонцето, колку е блиску Сонцето! MADE IN MNT“ во МНТ appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: