Одложување на родителството: Не се жените кариеристки, туку мажите се себични

Во последно време сѐ повеќе се засилува трендот на замрзнување на јајце-клетки.
Британски Daily Mail објави дека бројот на случаи на замрзнување јајце-клетки се зголемил за 400% во периодот од 2010 до 2016 година. Иако просекот на години на жените кои се одлучиле на ваков чекор е 37, експертите советуваат тоа да се направи и порано.
Иако доминира верувањето дека главна причина за замрзнувањето јајце-клетки е желбата на жените да градат кариера и подоцна да раѓаат деца, британската докторка и академик Кајли Болдвин тврди дека за ова е виновна машката себичност.


Проблемот настанува кога две личности ќе се најдат „на постари години“ односно после 30-тата година од животот. Треба најмалку три години за да се запознаат како двојка, да поминат одредено време заедно, да стапат во брак, па дури потоа да се одлучат да имаат дете.
Болдвин тврди дека жените со кои разговарала тврдат дека денешните мажи не се посветени на татковството или бараат помлади жени за да може да ги одложат родителските обврски за подоцна.
Ова оди во прилог на статистичките податоци што покажуваат дека денешните „тазе“ татковци во моментот на раѓањето на првото дете се во просек четири години постари од порано, а таа возраст најчесто е 33 години.
„Сите жени со кои разговарав знаеја дека еден ден сакаат да станат мајки или биле во долги врски што на крај завршиле или не успеале да запознаат маж кој сакал да основа семејство. Ниту една од овие жени не сакаше да замрзне јајце-клетки и на тој начин да стане мајка. Сите се надевале дека ќе најдат партнер и ќе забременат по природен пат. Проблемот бил што немало мажи кои биле подготвени да станат татковци“, тврди таа.
Идеално време за една жена да стане мајка се доцните 20-ти и раните 30-ти години.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.