Одлуката за притворот за Моника Ристеска е престрога, реакција на портпаролот на Владата

По фејсбук – статусите на Борјан Јовановски дека во знак на протест ќе пуши џоинт пред ОЈО и Моника Ристеска дека е во 30-дневен притвор се јави и Миле Бошњаковски, портпаролот на Владата.
За Владата, одлуката за притвор од 30 дена за Моника Ристеска делува престрого во однос на стореното дело, соопшти портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.
„Истовремено сакаме како Влада да укажеме дека мора да се почитуваат законските процеси и дека Македонија се темели на принципот на владеење на правото. Потенцираме дека Владата како и за сите други прашања така и за ова е подготвена за дијалог со сите заинтересирани страни, граѓански организации, граѓани и кој било друг кој има потрба. Отворени сме целосно во однос на ова прашање“, рече Бошњаковски.
На Моника Ристеска, која е активистка за легализација на марихуаната, вчера ѝ беше определена мерка притвор во траење од 30 дена. Од скопското обвинителство денеска соопштија дека Ристеска е осомничена дека во текот на 2017 и 2018 година во повеќе наврати неовластено набавила марихуана, од која со понатамошна преработка добивала хашиш и други опојни средства, кои потоа ги продавала во Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.