По 100 проценти од пребројаните гласачки ливчиња првата официјална изјава е – „Одлуката за референдумот не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список“, појасни претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.
На вчерашниот референдум, од 1.806.336 граѓани запишани во Избирачкиот список, гласале 666.743 граѓани или 36,91 проценти од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список. Бројот на неупотребени гласачки ливчиња изнесува 1.139.593.
На референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, „за“ гласале 609.813 граѓани или 91,46 проценти, „против“ се изјасниле 37.700 граѓани или 5,65 проценти, а неважечки гласачки ливчиња има 19.221 или 2,89 проценти.
Конечните резулатите ДИК ќе ги достави до Собранието и ќе ги објави во Службен весник до 15 октомври, кога истекува последниот рок за тоа.
Пронајдете не на следниве мрежи: