Одмазда на Дајана кон Чарлс од гробот: Тревога на дворот – скандал го потресе кралското семејство

Принцезата Дајана останува една од најомилените личности, а сега се дозна која била нејзината последна желба.

Позната како „народна принцеза“, Дијана се издвојуваше не само по својата емпатија и посветеност кон луѓето, туку и по начинот на кој ги воспитуваше своите синови, принцовите Вилијам и Хари. Таа сакаше тие, и покрај нивното кралско потекло, да го искусат животот на обичните луѓе. Вилијам и Хари одеа во јавни училишта и растеа далеку од строгите кралски правила.

Дијана никогаш не обрнувала премногу внимание на фактот дека нејзиниот постар син еден ден ќе стане крал. Две години пред нејзината смрт, таа отворено зборувала за своите надежи и желби за Вилијам. Според списанието „Ин Тач“, нејзината последна желба наводно била Вилијам да стане крал, наместо Чарлс .

Високо рангиран дворски извор открил дека најголемата желба на Дијана била нејзиниот син Вилијам да стане крал – желба на која таа наговестила во познатото интервју за „Панорама“ во 1995 година.

Според извештаите, дури и кралицата Елизабета размислувала да му ја предаде круната на Вилијам, заобиколувајќи го својот син Чарлс.

– Чарлс се чувствува несигурно во секој случај поради анкетите што покажуваат дека Вилијам е многу попопуларен од него меѓу Британците, а тој знае дека кралицата е свесна за тоа. Затоа се плаши дека последната желба на Дијана би можела да се оствари – изјавил извор близок до кралското семејство пред неколку години.

Истиот извор додаде дека може да се каже дека тоа би била „одмаздата на Дијана кон Чарлс од гробот“. Британските медиуми го објавија тоа, бидејќи со години беше познато дека принцезата Дијана имала таков став. Сепак, нема официјални потврди за нејзините последни зборови пред нејзината смрт.
The post Одмазда на Дајана кон Чарлс од гробот: Тревога на дворот – скандал го потресе кралското семејство appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: