Одолговлекувањето на некој начин е недостаток на самоконтрола. Околу 20% од населението може да се стави во категоријата „одолговлекувачи“ и не постои само еден вид одолговлекување, туку три!
Одолговлекувањето потекнува од нашите предци – еве како да го спречите
1. Луѓе кои сакаат возбуда: Овие луѓе чекаат до последниот момент само за да почувствуваат еуфорија од настанот.
2. Луѓе кои преферираат да избегнуваат: Овие луѓе ги одолговлекуваат работите поради страв од неуспех или успех. Нивниот страв потекнува од претераната грижа за туѓото мислење.
3. Неодлучни луѓе: Овие луѓе едноставно не можат да се одлучат. Затоа и не донесуваат никаква одлука и ова ги спречува да ја завршат нивната обврска.
Не само што одолговлекувањето е стресно и деструктивно за врските и за тимската работа, туку тоа е исто така и лошо за здравјето. Несаканите ефекти од него вклучуваат несоница, ослабен имунитет и проблеми со стомакот. Па, зошто луѓето продолжуваат со ова однесување?
Коренот на овој проблем потекнува од нашите предци – пештерските луѓе. Тие живееле во околина каде што стресот и анксиозноста биле корисни емоции кои ги терале да делуваат веднаш кога се соочени со проблем. Нивните избори имале инстантни резултати. Најверојатно токму поради ова човечкиот мозок повеќе ги вреднува моменталните наместо идните награди и резултати.
Но во модерниот свет често се случува нашите избори да ни бидат од корист многу подоцна. На пример, денес одите на работа, но платата ќе ја добиете после неколку недели. Ова се противи со нештата што ги вреднува мозокот, па одолговлекувањето нè повлекува и покрај нашите добри намери.
Сепак, има решение и за ова. Ако можете да најдете начин да ги направите придобивките од долгорочните одлуки инстантни, ќе ви стане полесно да го избегнете одолговлекувањето. Оваа техника е наречена „туркање на искушението“. Потребно е да почувствувате искушение да го направите она што сакате и да го комбинирате со некоја активност. На пример, гледајте телевизија само кога вежбате, или проверувајте ги социјалните мрежи само кога јадете.
Иако постојат милиони начини да го избегнете одолговлекувањето, најважна е вашата волја. Сфатете дека вашето однесување е непродуктивно и дека можете да се подобрите и да преземете контрола. Постојат толку многу можности и неверојатни нешта што можете да ги правите со вашиот живот. Па, не трошете го вашето време бидејќи животот е пократок отколку што мислите.