Одреден 30 дневен притвор за ЕКСДИРЕКТОРОТ на УБК АТАНАСОВСКИ за нападот на СОБРАНИЕТО

Владимир Атанасовски доби 30 дена притвор, одлучи Судот по распитот ноќва, откако на 3 декември на судењето обвинетите браќа Стефан и Михаил Младеновски, како и обвинетиот Захарие Симовски го посочија како еден од организаторите на нападот на Собранието на 27 април лани.
Атанасовски доцна вечерва беше приведен и однесен на распит во Кривичниот суд, а од обвинителството потврдија дека е донесена наредба за истрага поради основано сомневање дека сторил кривично дело Здружување заради непријателска дејност, по чл. 324 ст. 1 од КЗ. Поради ова бил доставен и предлог за мерката притвор.
Се очекува тој секој момент да биде префрлен од Кривичниот суд во затворот во Шутка, откако обвинителството ќе ѝ го достави на неговата одбрана решението со објаснение зошто му е одреден притворот. Обвинителката на ОЈО Вилма Русковска, пред малку изјави дека обвинителството ја донело одлуката за притвор по исказите пред судот на двајца осомничени за упадот во Собранието на 27 април, кои го посочија Атанасовски како организатор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.