Одрон го блокираше сообраќајот на патот Маврово – Дебар: АМСМ со важна вест за возачите

На регионалниот пат Р 1202, Маврово – Дебар кај местото викано Сенечки ливади поради одрон сообраќајот се одвива наизменично.
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Слаб дожд врне низ целата република. Намалена видливост до 50м поради магла има од крак Маврово до Стража. Магистралниот пат Маврово-Дебар е приспособен само за патнички возила.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15 ноември стапи на сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2019 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.