ОД ВЕЧЕРВА СЕ ЗАТВОРААТ ДВА ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ- од утре се затвора и скијачкиот центар Маврово!

Покрај прогласувањето на кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, ќе се затворат граничниот премин Џепиште – Требиште и граничниот премин Блато, како и Скијачкиот центар „Заре Лазаревски“ во Маврово.
Оваа одлука ја донесе Владата на денешната 18 седница на која го разгледала Записникот од Петтата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за Управување со кризи, одржана на 13 март 2020 година, во врска со потребата од преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на Коронавирусот COVID-19 .
Како што информира владината прес-служба, на седницата донесена е Одлука за дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот, односно жителите од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа кои се надвор од територијата на овие општини, може да се вратат во своите домови на денска до 00.00 часот на полноќ.


Владата ја усвила одлуката на Управувачкиот комитет за забрана и посебен режим на движење на дел од територијата на Република Северна Македонија на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, со која се уредува мерката забрана за движење, односно влез и излез од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, како и мерка за воведување посебен режим на движење на населението внатре во овие подрачја.
-Владата го усвои Записникот од Петтата седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за Управување со кризи, одржана на 13 март 2020 година, односно го прифати предлогот и донесе Одлука за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, се истакнува во соопштението на Владата.
Периодот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19, а со цел обезбедување заштита на здравјето на населението на подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, е најмногу до 30 дена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.