сабота, 28 ноември 2026
Најново

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Случајот во полиција го пријавил извесен М.Т. од Тетово кој во пријавата навел дека во неговата куќа било пукано од возило во движење

Доцна вечерва, околу 23 часот, имало пукање на булеварот „Илинден“ во Тетово. Случајот во полиција го пријавил извесен М.Т. од Тетово кој во пријавата навел дека во неговата куќа било пукано од возило во движење.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Засега нема информации за повредени лица.

„Во 22:45 часот М.Т. од Тетово во СВР Тетово пријавил дека од страна на непознато лице е пукано со огнено оружје од возило во движење во неговата куќа во Тетово. Досега нема пријава за повредени лица“,

информираат од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Реклама –

Поврзани вести