Од вторник можно е судската администрација да прекине со работа

Судската администрација размислува од вторник за прекин на работата, а причина е револтот кај вработените бидејќи парите од судскиот буџет наместо за додатоци на плата, се трошат за тужби поднесени од судии.
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски вели дека како синдикат ќе застанат зад своите членови. Имале реакции од вработените во судската администрација уште во петокот со напомена дека се подготвени да прекинат со работа веќе во вторник.
– Револт во судовите има веќе извесен период и големо незадоволство кај покачување на плати и исплата на додатоци по плата. Уште повеќе има револт поради тоа што сите пари од судскиот буџет се одливаат на исплата на неосновани тужби на судиите кои, иако се функционери, тужат за исплата на регрес на годишен одмор по колективни договори потпишани од синдикатите кои не важат за функционери, важат само за работници, изјави Деаноски за Телма. 

Пронајдете не на следниве мрежи: