Од денес и календарски е зима

Зимата во Македонија и на целата северна хемисфера на Земјата календарски ќе почне денес, на 21 декември во 17: 28 часот. Во исто време на јужната Земјина полутопка започнува летото.
На почетокот на зимата, односно денес денот е најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето во Скопје ќе изгрее во 06:57 часот, а ќе зајде во 16:05 часот. Најкусиот ден во годината ќе трае 9 часа и 8 минути.
Метеоролозите за првиот зимски ден најавуваат сончево и студено време со мала локална облачност и слаб северен ветер. Минималната температура ќе се движи од -11 до -5 , а максималната од -1 до 5 степени над нулата.
Зимата ќе трае до 20 март 2019. година во 17:15 часот или поточно 89 дена,  кога на северната хемисфера настапува пролетта, а на јужната есента.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.