По паузата поради празниците, грчките земјоделци од денеска повторно ги активираат блокадите на граничниот премин Евзони.
Преминот ќе биде целосно затворен за влез и излез за сите видови возила во периодот од 17:00 до 21:00 часот по македонско време, што е клучното време кога обично од Грција во недела се враќаат македонските граѓани кои го поминале викендот во соседната земја.
Според информациите од граничните служби, илјадници Македонци изминативе денови беа во Грција за дочекот на Новата година и споениот викенд.
Земјоделците вчера излегоа на протестен марш низ Кукуш, а потоа, незадоволни бидејќи потпретседателот на Парламентот, Јоргос Гоергадас, одбил да се сретне со нив, фрлија сено и памук пред неговата канцеларија.



