Од денес почнува наплатата на најскапата патарина во Македонија

Од денес, 26.08.2019 со почеток во 7 часот ќе започне со работа наплатна станица Гевгелија, соопшти вечерва АМСМ. На патарината кај Смоквица ќе има 10 наплатни рампи, пет кон Гевгелија и соседна Грција и исто толку кон Скопје. Ставањето во функција на ова патарина се случува откако ЈП „Државни патишта“ го изгради споредниот пат до Гевгелија за жителите од околните села. Од утре се очекува на патарината „Смоквица“ да се наплаќа по 100 денари за патничко возило, што значи дека ова ќе биде најскапата патарина во Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.