Од денес почнува Рамазан, месецот на постот

Светиот месец Рамазан за верниците од муслиманската вероисповед започнува денес каде што според заповедите на светата книга на исламот, Куранот, верниците се обврзани да постат во текот на денот.
Постот на муслиманите започнува на изгрејсонце, и трае до првиот момент на целосното зајдување на сонцето.


Месец Рамазан е деветти месец од лунарниот календар по којшто муслиманите го сметаат времето почнувајќи од големото преселување „Хиџретот“ на пророкот Мухамед од градот Мека во градот Медина во 622 година н.е., заедно со првите верници на исламската вера.
Обврската за постот за муслиманските верници дошла 2 години после Хиџретот, односно во 624 година н.е. каде што во Куранот Алах заповедал дека постот е должност за сите верници на исламот.
„Верници, постот е ваша должност, како што беше должност и за верниците пред вас. Благодарение на тоа ќе се заштитувате себеси од лошото“, пишува во Куранот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.