Иако поминаа само два дена од влегувањето на познатите натпреварувачи во куќата на Кошутњак во продуцентската куќа Емоушн се презадоволни со гледаноста. Сепак тие остро ги демантираа тврдењата дека и дале пари на Ава Карабатиќ за да има секс пред камерите.
Веќе неколку дена се пишува дека хрватската старлета Ава како услов за своето учествување во реалното шоу Големиот брат побарала хонорарот од 9000 евра да и се исплати однапред. Некои поединци зборуваат дека тој хонорар и бил исплатен однапред за таа да има секс во куќата. Од Емоушн тврдат дека таквите натписи немаат врска со реалноста.
„Секако не е вистина дека и дадовме било какви пари за да има секс во куќата, ниту пак доби хонорар однапред. Таа има третман како и сите други во куќата“, вели Милјана Радевиќ, ПР на Емоушн.
Дека ова ќе биде сезона на Големиот брат за која долго ќе се зборува покажуваат и самите податоци на телевизијата Б92, кои бележат рекордна гледаност откако шоуто започнато.Иако поминаа само два дена од влегувањето на познатите натпреварувачи во куќата на Кошутњак во продуцентската куќа Емо