Од ЕУ не можат да одговорат дали оваа година ќе се реши проблемот со визите на камионџиите

На пладневниот брифинг во седиштето на ЕУ во Брисел, беше потврдено дена следната недела на состанок ќе бидат повикани ресорните министри за транспорт каде ќе се разговара за проблемот со визите на камионџиите од Западен Балкан. Меѓутоа, иако ова прашање се смета за „важно“, како што беше кажано, портпаролот не можеше да потврди дека решение ќе се најде оваа година.

-Свесни сме дека голем број професионалци кои не се прекугранични работници можеби ќе треба да имаат пристап до Шенген зоната повеќе од 90 дена во рок од 180 дена. Ова вклучува професии како што се камионџиите, но и спортистите и уметниците на турнеја. Има врска и со националните правила и со постојните билатерални договори, и ова е прашање, на кое му е посветено целосно внимание. Видовме во нашата Стратегија за визи што вчера ја објавивме дека Комисијата ќе соработува тесно со земјите-членки за да идентификува прагматични решенија што можат да обезбедат безбедност и економска корист за ЕУ, како и правна јасност за патниците. Овие размислувања ќе го истражат и воведувањето на ново законодавство со специфичен сет правила за продолжен краток престој на ниво на ЕУ, рече портпаролот на ЕК, Маркус Ламерт.

По четири дена блокада на границите, македонските и црногорските транспортери се повлекоа откако беше објавено дека ЕУ ја усвои Стратегијата за визи. На блокадите и натаму остануваат нивните колеги од Србија и Босна и Херцеговина, кои образложија дека има многу прашања за решавање. Блокирани на 22 излези и 19 влезови за товарни возила во Србија. Превозниците од Србија се задоволни од визната стратегија на Европската Унија, презентирана вчера, и очекуваат воведување нови правила за продолжен краток престој во ЕУ, но сметаат дека сè уште има проблеми што треба да се решат.

Најавено е дека на 3 февруари ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со претставници на Европската комисија за проблемот со престојот на превозниците од регионот во Шенген зоната.

Пронајдете не на следниве мрежи: