Пејачката Јелена Карлеуша поминува низ тежок период во својот живот откако годинава никако да и тргне на позитивно.
Во јануари секс скандал ја тресеше естрадата откако фудбалерот Огнен Врањеш објави дека тие биле во врска, потоа ненадејно почина нејзината мајка Дивна, а деновиве се шпекулира дека Душко ја оставил Јелена за секогаш и одлучил да се разведе од неа.
По секс скандалот наместо Карлеуша да го тужи Огнен, тој ја тужи пејачката за сите навреди и смртни закани кои ги добивал од неа.
Денеска само неколку часа пред судското рочиште меѓу Карлеуша и Врањеш пејачката се огласи на својот Инстаграм профил:
-На злото на луѓето, мрзата и зависта повторно одговарам со тишина.
Како ли би се сфатила оваа порака и за кого е наменета се уште се шпекулира во јавноста.