Од ковид-19 во Македонија ќе починат 1.805 луѓе до први ноември

До први ноември во Македонија ќе починат 1.629 луѓе од ковид-19 ако продолжи олеснувањето на мерките за заштита сè додека дневната бројка на мртви не достигне 8 на 1.000.000 жители, кога повторно би се вовеле построги мерки, предвидува американскиот Институт за здравствени мерења и проценки при Универзитетот Вашингтон од Сиетл,
Институтот проектирал три сценарија. Најлошото е ако продолжи олеснувањето на мерките и никогаш не бидат вратени, и во тој случај проекцијата е 1.805 мртви до прво ноември. Според најповолното сценарио, ако 95 отсто од граѓаните носат маски на јавни места, бројот на починати до први ноември би изнесувал 752.
До вчера, според податоците на Министрството за здравство, во Македонија 406 лица ја загубија битката со коронавирусот. Вкупно дијагностицирани со ковид-19 во земјава има 8.786, од кои оздравени се 4.676, а активни се 3.704 случаи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.