Во првото полугодие од учебната година, 174 ученици се отпишале од основните и средните училишта во Куманово, информира секторот за образование. Најмногу отпишани ученици се од поголемите училишта во градот.
Куманово, како најголема општина во земјата, се соочува со зголемен тренд на отселување, особено кон западноевропските земји. Според раководителот на секторот за образование, Александар Јовановиќ, овој тренд не запира, а бројот на отпишани ученици е поголем во споредба со минатата година, кога биле 131.
Јовановиќ посочи дека порано миграцијата била главно внатрешна, од руралните кон урбаните средини, но сега доминира емиграцијата кон странство. Куманово, според последниот попис, брои 98.104 жители.