На Клиниката за инфективни болести утрово почина шестмесечно бебе заболено од морбили, изјави денес министерот за здравство, Венко Филипче. Според неговата изјава бебето имало компликација на белите дробови и не било вакцинирано, додавајќи дека уште две деца се во критична, но стабилна здравствена состојба. И тие имаат сериозно воспаление на белите дробови, но засега виталните параметри им се стабилни и не се во животозагрозувачка состојба. Починатото бебе прво било лекувано во болницата во Козле.
– Прво било лекувано во болницата во Козле, а после префрлено на Инфективната клиника каде докторите за жал не можеле да се справат со компликациите. Искрено се надевам дека трендот на вакцинација ќе продолжи заради тоа што е единственото нешто што треба и мора да се направи со цел да се подигне колективниот имунитет кој значително е намален после падот на опфатот со вакцинација во 2014 година и за жал сега се соочуваме со овие последици, рече Филипче кој заедно со премиерот Зоран Заев денеска ја посетија Клиниката за неврологија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.