Од новите ковид-случаи најмногу во Скопје и Штип

Според последните статистики за состојбата со ковид-19 во земјава, најмногу од новите регистрирани случаи се во Скопје и во Штип. Во Скопје има вкупно 65 нови случаи на ковид, а во Штип вкупно 21 пациент за последните 24 часа.
Со двоцифрени бројки на новозаразени се и Куманово и Гостивар – по 14 случаи, како и Тетово и Велес со по 12 случаи. По 7 случаи имс во Битола и Кавадарци, по 6 во Кичево и Дебар, по 5 во Струга и Кочани, по 4 во Охрид, Радовиш и Македонски Брод, по 3 во Прилеп, Свети Николе и Пробиштип, две лица во Демир Хисар и по еден случај во Струмица, Крива Паланка и во Неготино.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1 828 тестирања.
Оздравени се 15 пациенти од кои најмногу во Битола вкупно 6, 3 во Кичево, по двајца во Велес и Ресен и по еден во Македонски Брод и Демир Хисар.
Починаа четири лица од Скопје, Куманово, Гостивар и Македонски Брод. Починатите се на возраст од 51 до 70 години. Двајца од нив починале во болнички услови и двајца вон болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11 754, бројката на оздравени пациенти е 7 622, на починати е 523, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 3 609.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.