Од ноќеска горивата со нови цени

Регулаторната комисија за енергетика од ноќеска на полноќ по две седмици ги зголеми цените на горивата. Зголемени се цените на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,41%, односно за 2,60% во однос на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија од 21.01.2019 година.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит, па малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,50 ден/лит. Малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,50 ден/лит и сега изнесува 60,00 ден/лит, а на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,599 ден/кг и изнесува 31,121 ден/кг.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.