Додека Белгија и Шпанија ги испраќаа своите кралски парови на последното збогување на папата Франциск, холандскиот крал Вилем-Александар и кралицата Максима решија да останат во земјата. Причината е прославата на Денот на кралот во градот Доетинхем.
Портпаролот на владата пред неколку дена изјави дека одлуката кралската двојка да не го посети Ватикан е донесена поради важноста на Денот на кралот, национален празник кој собира милиони граѓани ширум земјата секоја година. Во текот на тој ден, кралот Вилем-Александар и кралицата Максима со членовите на кралското семејство традиционално посетуваат еден од холандските градови, учествувајќи во прослави и настани.
„Кралското семејство смета дека својот ангажман на Денот на кралот е исклучително важен за луѓето и за земјата“, се вели во соопштението. Тие додадоа дека премиерот Дик Шуф и министерот за надворешни работи Каспар Велдкамп се задолжени да го претставуваат Кралството Холандија на погребот на Светиот Отец.
Шуф ја презеде функцијата на почетокот на април оваа година и тоа беше негов прв меѓународен настап во неговата нова улога. Тој го опиша папата Франциско како „модел за многумина“ и „човек меѓу луѓето“, а министерот Велдкамп нагласи дека папата е „извор на инспирација“.