Од петок до недела во Скопје 35 сообраќајки, за среќа без жртви

Во текот на викендот, поточно почнувајќи од петок па до недела на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно 35 сообраќајни незгоди. Во една од нив едно лице се здобило со тешки телесни повреди, во 14 има вкупно 22 повредени лица, а во 20 е причинета материјална штета.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 91 возач управувал возило со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 82 возачи од кои: 55 затоа што управувале возило под дејство на алкохол, 22 возачи затоа што управувале возила без возачка дозвола и 5 затоа што биле возачи почетници. Од сообраќај се искличени вкупно 14 возила од кои 13 биле нерегистрирани и едно возило било технички неисправно.
Санкционирани се 15 возачи поради поминување на црвено светло на крстосница, шест поради недавање првенство на минување на пешаци, еден поради неправилно престројување и еден возач поради неправилно престигнување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.