Од подметната бомба во Турција загинаа 7, а повредени се 13 лица

Седум лица загинаа, а 13 се ранети по експлозија на рачно изработена бомба поставена на пат во Југоисточна Турција. Како што известуваат новинските агенции експлозивната направа била активирана додека по патот поминувале возила со локални жители.
Нападот бил извршен синоќа во општината Кулп, во југоисточната турска област Дијарбекир, пренесуваат турските медиуми.
Првично беше соопштено за четворица убиени и 13 ранети, а се претпоставува дека експлозивот го поставиле борците на Курдистанската работничка партија (ПКК).

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.