Од полноќ нови цени на горивата

По најавената измена или нова методологија за цените на горивата Регулаторната комисија за енергетика минатиот понеделник ги намали цените. Но бидејќи цената на горивата се корегира секоја недала истото го очекуваме и денес. РКЕ денес треба да ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.
Во моментов цената на „Еуросупер 95“ е 69,50 денари за литар, „Еуросупер 98“ е 72 денара за литар, а „Еуродизелот“ се продава за 62,50 денари. Екстра лесното масло, се продава по цена од 52 денари, а мазутот М-1 НС по 35,118 денари.
Дали со најновата корекција цените на горивата ќе се намалат или ќе се зголемат останува да видиме.

Пронајдете не на следниве мрежи: