Од полноќ нови цени на дизелот и бензинот

Како што најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Билсимовски од ноќеска на полноќ цената на бензините ќе се намали за 4,5 денари, на дизелот за 3 денари, а на екстра лесното гориво за 3,5 денари.
– Денеска имаме едно од најголемите намалувања на цените на бензините и дизелот од кога постои Регулаторната комисија за енергетика. Тоа не е наша заслуга, ниту претходно по наша заслуга или вина беше зголемувањето на цената на горивата, едноставно такви се трендовите на берзата за нафта. Ние само ја применуваме методологијата која што е дел од купопродажниот договор за ОКТА ратификуван од Собранието во 1999 година, изјави Бислимовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.