Од прво до трето одделение учениците ќе посетуваат настава во училница исклучиво во согласност на родителите

Владата донесе одлука новата учебна 2020/2021 година да започне со онлајн-настава, со исклучок на учениците од прво до трето одделение кои ќе можат да посетуваат настава во училница, а воедно и училиштата со помал број ученици и паралелки во средини со стабилна епидемиолошка состојба ќе може да организираат класична настава, откако претходно општините ќе добијат согласности од Владата.

Но, согласно усвоениот заклучок, родителите на учениците ќе можат да изберат дали нивните деца ќе посетуваат училиште или пак ќе бидат вклучени во онлајн настава.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.