Од пред Парламентот демонстрантите во Тирана заминаа пред полицијата

Атмосферата во Тирана и денес е зовриена. По три ипол часовен протест пред зградата на албанскиот Парламент, приврзаниците на обединетата опозиција се префрлија пред Полицискиот директорат со барање да се ослободат неколкумината уапсени по претходниот протест. Учесниците на протестот фрлале со тврди предмети кон зградата, при што се скршени стаклата на неколку прозорци.
Притоа непрекинато извикувале: „Ослободете ги нашите браќа“ и „Нема да си одиме се додека не ги ослободите“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.