Од само 5 состојки, сами направете си таблети за машината за садови

Зошто да ги трошите вашите пари на скапи таблети за машината за садови, кои на крајот можеби и нема да ги измијат вашите садови како што треба? Дома, самите може да си направите таблети кои не се толку скапи.
Во видеото за „Today“, Ана Де Соуза, родена во Рио де Женеиро, споделила неколку едноставни совети за изработка на таблети за машината за садови. Потребни ви се само неколку состојки кои можат да се најдат во сечие домаќинство.
Освен што овие таблети се многу подобри за околината, трошоците за нивна изработка се една третина помали од оние кои што треба да ги платиме кога ги купуваме во продавница.
Ана користела само пет состојки – боракс, сол, сода бикарбона, етерично масло од лаванда и вода. Од тоа може да се направат 18 таблети за машина за садови.


Состојки и подготовка:
– 1/2 шолја боракс;
– 1/4 шолја сол;
– 1/2 шолја сода бикарбона;
– етерично масло од лаванда;
– 1/4 шолја вода.
Измерете половина шолја боракс и половина шолја сода бикарбона и измешајте ги. Потоа во таа смеса додајте четвртина шолја сол. После сето тоа додајте неколку капки од етеричното масло од лаванда кое на таблетите ќе им даде свеж мирис.
Ана, ги измешала состојките и додала четвртина чаша вода и потоа непрекинато ги мешала. Целата таа смеса ја ставила во силиконски калапи.
Откако смесата ќе ја ставите во калапите, таа треба да се суши околу четири часа, а потоа треба да ја извадите од калапите.
Готовиот резултат покажувал совршени таблети за машината за миење на садови кои изгледале идентично со оние кои ги купуваме од продавница.
Овие таблети се поприфатлива алтернатива од обичните таблети, бидејќи нема потреба да бидат ставени во амбалажа. Можете да ги чувате во стаклена тегла и притоа да уживате во мирисот на лаванда во вашата кујна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.