Од импровизираниот клуб Пулс не побарале елаборат за противпожарна заштита, не поднеле извештај до службите дека ќе се организира настан со голем број луѓе со цел да се обезбеди противпожарно возило и брза помош на концертот, а се уште се утврдува дали објектот воопшто легално бил пренаменет како дискотека откако бил изграден пред 26 години, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување и од противпожарната бригада на Кочани за ТВ 24.
Во елаборатот за кој засега нема евиденција дека постои, на оваа импровизирана дискотека која порано била продавница за теписи, всушност и би се утврдило дали во Пулс смееле да користат пиротехнички средства и дали ги исполнувале основните услови за безбедно организирање на настани.
Според неофицијалните информации, кровот кој се запалил бил азбестен што довело до побрзо горење и негово колабирање, не постоел никаков план за евакуација, по што се создало стампедо за излез од единствената врата, а материјалите од кои бил изграден пред 26 години не биле соодветни за таков објект да биде дискотека.
The post Од стар магацин за теписи до дискотека – кој дозволил да работи објектот? appeared first on 365.mk.



