Од вечер голема промена на времето-видете што не очекува

Невообичаено високите температури на воздухот кои се во склоп со невообичаено топлата воздушна маса која продира од северните предели на Африка ќе се задржат и денес кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.
Меѓутоа веќе навечер ќе потпаднеме под северно воздушно струење кое ќе услови северен ветер и постепено заладување на времето. Во среда пак под влијание на влажен воздушен бран од југ на повеќе места ќе има повремени врнежи кои на ниските места ќе бидат од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет и локално се очекува воден талог до околу 10 л/м2.
Во вечерните часови и во текот на ноќта кон четврток услови за сосема слаби врнежи од снег има и на некои места со надморска височина од под 1000 метри.
Максималните температури во среда ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.
Од четврток во утринските часови понекаде температурите ќе се спуштаат под нулата.
НАПОМЕНА: Северниот ветер кој ќе го имаме утре навечер, како и во среда ќе услови расчистување на загаденоста во воздухот.
Подготви: Славчо Попоски

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.