Од утре во БиХ може да патувате само со лична карта

Постигнатиот договор меѓу Советот на министри на БиХ и Владата на Р. Македонија за условите за патување на државјаните од двете земји стапува на сила од 1 декември. Од утре граѓаните од двете држави граничните премини, наместо со пасош како до сега, ќе можат да ги минуваат само со лична карта. Документот го потпишаа министрите за надворешни работи на БиХ и на Македонија, Игор Црнадак и Никола Димитров на 12 март годинава, соопшти босанското МНР.
Со него беше регулирано дека Договорот ќе стапи на сила 30 дена по приемот на последниот писмен извештај дека се исполнети внатрешните законски процедури. Последната потврда на Министерството за надворешни работи на БиХ е примена во Амбасадата на Република Македонија на 23 октомври и како датум за стапување на сила на Договорот е утврден 1 декември 2018. година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.