Од утре МВР ќе ве фотографира ако не носите маски
Задолжителното носење на маски/марами стартува од среда,утре и се однесува на 3 града, а тоа се Прилеп, Куманово и Тетово.
-Во уредбата која треба да се донесе во врска со казнувањето, ќе стои дека првата недела ќе се даваат само опомени, дури потоа казни. Полицијата има обврска да има фотографија со која ќе ја оправда мандатната казна. Целта е да не се даде можност за казни без покритие. Многу важно, целта на оваа уредба, се разбира, не е казнување, туку обезбедување на пошироко почитување на правилата, пишува Петров.