Од утре на граничниот премин Блаце ќе почне примената на системот „One stop shop“
Само во март годинава на граничниот премин Блаце влегле и излегле 160.767 државјани на Северна Македонија, додека истиот месец на овој граничен премин поминале 221.762 странски државјани.
На граничниот премин Блаце се прават последните подготовки за пуштање во употреба на системот „One stop shop“, најавен за утре.
Граничниот премин Блаце е еден од најфреквентните и од граѓаните на Северна Македонија и на Република Косово. Пуштањето на „One stop shop“ или една контролна точка на овој граничен премин неколкупати се најавуваше, а најновата најава е дека ќе почне со работа на 12 април.
Според граѓаните, овој премин што ги поврзува Македонија и Косово е од особено значење за семејните врски што ги имаат граѓаните, но и за економскиот развој.
„Овде често поминувам и тоа е терор. Чекате долго? Секогаш. Со „Уан стоп шоп“, дали мислите дека ќе биде полесно? Се надеваме дека утре навистина ќе се случи утре бидејќи ги следев вестите и тие секогаш одложуваат по две недели„, рече еден граѓанин.
„Многу подобро затоа што понекогаш чекаме над 20 минути, понекогаш два или три часа. Во лето е потешко, пешки поминуваме. Имаме роднини во Косово и често патуваме, речиси секој втор ден“.
„Многу добро, да бидеме заедн о уште подобро. Ќе има ли олеснување за граѓаните? Да, сигурно бидејќи чекаме по два-три часа и е грев, на пример ние сме со болни деца“, рече еден граѓанин.
„Овој е чекор кој требаше да се случи многу порано, но подобро некогаш отколку никогаш. Дали често поминувате тука? Да, често. И дали чекате? Во зависност од сезоната, но што да направиме“, додаде друг граѓанин.
На стартот на заедничката гранична контрола „One stop shop“,се очекува утре да присуствуваат премиерите на двете земји, Христијан Мицкоски и Албин Курти.
Алсат
The post Од утре на граничниот премин Блаце ќе почне примената на системот „One stop shop“ appeared first on 365.mk.