Од утре нова цена на горивата

Од понеделникот се намали цената на бензините од денар до денар и пол, а цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство остана непроменета.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енрегетика, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по пониска цена за 1,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС – 95 за еден денар. ЕУРОСУПЕР БС-98 е 68,50 ден/литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-95 66,50 ден/литар.


Се намали и цената на мазутот за 0,740 ден/кг во однос на претходно утврдената цена, односно сега мазутот се продава по цена од 32,954 ден/кг.
Новите пониски цени на бензините се должат на намалувањето на цената на бензините на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.
По викендов не чека нова промена на цената на горивата. Останува да видиме дали ќе возиме на поскап или поевтин бензин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.