Од утре отвараат и кафулињата и рестораните

На денешната Комисија за заразни болести било разговарано за отворање на кафулињата и рестораните од утре, отворање на границите од 1 јуни во договор со соедните држави, како и за укинување на полицискиот час со оглед на тоа што не се почитува, дознава неофицијално „Курир“.
Ова се заклучоците на Комисијата кои преку министерот за здравство Венко Филипче ќе бидат предложени до владата, која на владина седница го има последниот збор.


Во последните неколку недели, ресорниот министер редовно најавува олабавување на мерките и постепено враќање на животот во нормала, посебно во периодот кога бројките на заразени достигаа од 5 до 7 на дневна основа.
Меѓутоа, овие две недели заразата повторно букна, со што бројот на заразени се искачи и до 40 дневно, а најмногу заболени во овој период има во Гази Баба, Чаир, Сарај и Бутел.
Заклучно со вчерашниот ден, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.