ОД УТРЕ СТРОГ ВЛЕЗ И ИЗЛЕЗ ВО КУМАНОВО- ова се новите препораки за справување против коронавирусот!

Владата на Република Македонија на денешната 27 седница ја дополни Одлуката забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз.
Оваа одлука влегува во сила од 25 март 2020 година.
-Ги зајакнуваме уште повеќе мерките за запирање на заканата од коронавирусот. Ова се мерки за заштита на сите граѓани, на сите нас. Да ги почитуваме за да успееме, стои во владиното соопштение до јавноста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.